Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во чест на германската канцеларка во заминување Ангела Меркел заблагодарувајќи ѝ се што е „котва во многуте бури“.

Во видеопораката прикажана на нејзиниот последен самит на ЕУ, Обама рече:

„Вашите сакани луѓе и целиот свет ви должат голема благодарност што бевте светилник толку многу години“.

Поранешниот американски претседател особено ја пофали нејзината способност да ги стави принципите над себичните интереси алудирајќи на нејзиниот релативно либерален став за време на големиот бегалски бран во 2015 година.

Тој ѝ се заблагодари на канцеларката за нејзината лојалност кон универзалните вредности што ги усвои како девојка во Источна Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.