Поранешниот претседател на САД Барак Обама им ја честиташе победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Херис.

Тој додаде дека ги чекаат големи предизвици кога ќе влезат во Белата куќа, пред сè пандемијата на корона вирусот.

Знам дека ќе ја работи својата работа во најдобар интерес на секој Американец. Го охрабрувам секој Американец да му даде шанса и поддршка – порача Обама и истакна дека изборите покажале голема поделба меѓу народот

Бајден беше потпретседател два мандати, во времето кога Обама беше претседател на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.