Австралиската агенција за статистика соопшти дека откако се затворени границите поради пандемијата на Ковид-19 со што е стопиран приливот на мигранти, првпат по повеќе од еден век е забележан пад на наслението во земјата.

До септември во 2020 година, населението во Австралија се зголемило за помалку од еден процент, а во последниот квартал од минатата година е регистиран пад.

Последен пат имавме пад на населението во декември во 1916 година, за време на Првата светска војна – изјави директорот за демографија во Австралиската агенција за статистика, Фил Браунинг.

Тој додаде дека во последните два квартала забележан е пад на миграцијата од странство.

Економскиот раст на Австралија со векови се гради врз рударството и земјоделството и се поттикнува од неколку бранови на масовна миграција од Европа, Азија и од други места.

Но, најголемиот остров на светот со само 25,7 милиони жители, практично беше изолиран од остатокот од светот на почетокот на пандемијата на Ковид-19. Рестриктивните мерки и тестирањето овозможија справување со болеста и овозможија отворање на економијата со ограничени рестрикции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.