Официјален Пјонгјанг соопшти дека вчера успешно е тестирана нова хиперсонична ракета, наречена Хвасонг-8.
Cевернокорејските државни медиуми објавија дека новата ракета е една од „петте најважни“ нови оружени системи, утврдени во националниот петгодишен план за воен развој.
Тие ја опишаа новата ракета како „стратешко оружје“, што обично значи дека има нуклеарни способности.
Вчерашното лансирање е уште еден индикатор за зголемената модернизација на технологијата за оружје на Cеверна Кореја и покрај строгите санкции.
Хиперсоничните ракети се многу побрзи од конвенционалните, што го отежнува нивното пресретнување со системи за противракетна одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.