Новоизбраниот ирански претседател, Ебрахим Раиси, на својата прва прес-конференција по гласањето, порача дека народот на Иран сака реформи, борба против корупцијата и повисок животен стандард.

Раиси истакна дека нивните желби ќе бидат исполнети за време на неговиот мандат.

Тоа се главните задачи пред нас. Покрај борбата против корупцијата, сиромаштијата и дискриминацијата, наш приоритет е да создадеме праведно општество. Затоа ги повикувам претставниците на властите на сите нивоа да почнат активна работа за спроведување на овие задачи – изјави Раиси.

Раиси победи на претседателските избори на 18 јуни 2021 година со повеќе од 60 проценти од гласовите. Главните противници на конзервативецот го признаа поразот.

Претседателот на Иран има мандат од четири години. Неговите функции се репрезентативни/церемонијални.

Де факто шеф на државата е врховниот лидер на Иран, кој има широки овластувања и во верската и во секуларната власт. Таа функција е доживотна. Со Иран управува Ајатолахот Али Хамнеи од 1989 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.