Новиот специјален пратеник на ОН за Либија, Јан Кубиш, ги повика странските сили и платениците да ја напуштат земјата разорена од војна, како што беше предвидено со минатогодишниот договор за прекин на огнот.

Кубиш пред Советот за безбедност на ОН предупреди за „стапици“ што можат да ги попречат или одложат изборите во декември, кои треба да овозможат формирање единствена влада на Либија, по долги години поделба на земјата со чии делови управуваат две паралелни влади.

Претставникот на ОН изјави дека примирјето се почитува, но оти странските сили и платениците не ја напуштиле Либија и дека „има извештаи за утврдување на одбранбени позиции“ во централниот дел на земјата, од стратешки важниот град Сирт до блиската област Јуфра.

Кубиш изјави дека во Либија сè уште дејствуваат елементи на вооружената група Исламска држава Ирак и Левант.

Во неодамнешниот извештај, експертите на ОН ги обвинија владите на неколку земји дека ги игнорираат санкциите на ОН и децениското ембарго за оружје, за кое се наведува дека е „целосно неефикасно“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.