Патувањето со авион кога ќе се пуштат границите нема да биде воопшто едноставно. Европската агенција за безбедност во сообраќајот подтотвува нова регулатива која ќе важи веднаш откако ќе бидат отворени авио линиите.

Се планира да се воведе т.н електронски здравствен прашалник на кои ќе бидат навдени сите евентуални болести или симптоми на патникот. Ќе биде задолжително и носењето маски како и проверка на температурата.

Мерките ќе се користат не само за време на летот туку и за време на слетувањето и полетувањето.

Картичката за патување ќе содржи лични податоци на патникот, телефонски број , маил, како и број на седиште за време на летот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.