Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека во изминатите 24 часа повеќе од 427.000 луѓе во светот се разболеле од Ковид-19, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата надмина 112,64 милиони луѓе.

Според податоците на СЗО, од почетокот на пандемијата починале вкупно 2.501.229 пациенти.

Во последното деноноќие најмногу нови позитивни случаи е регистриран во Северна и Јужна Америка (183.039 случаи), што е 42 проценти од вкупниот број, додека во Европа се регистрирани 172.843 нови случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.