Путин директно не ја спомна Украина, но рече дека ја потпишал новата доктрина на морнарицата и тврди дека ракетата Циркон е „уникатна во светот“.

„Испораката на овие ракети до вооружените сили на Русија ќе започне следниот месец. Фрегатата „Адмирал Горшков“ ќе биде првата што ќе оди во борбени мисии вооружена со ова застрашувачко оружје“, рече Путин, а потоа додаде:

„Клучната работа е способноста на руската морнарица, која е способна со молскавична брзина да одговори на сите оние кои ќе решат да го загрозат нашиот суверенитет и слобода“.

Хиперсоничните проектили можат да патуваат со девет пати поголема брзина од звукот. Минатата година Русија спроведе серија Циркон тестови од воени бродови и подморници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.