Новата прва дама на Бразил Мишел Болсонаро се обрати на знаковен јазик на инаугурацијата на нејзиниот сопруг Жаир Болсонаро, на огромно одушевување на присутните, но и на луѓето ширум светот кои изразија поддршка на социјалните мрежи.

Нејзината порака ја видоа и слушнаа повеќе од 100.000 луѓе кои присуствуваа на церемонијата во главниот град Бразилија и милиони други кои ја следеа инаугурацијата на 42. претседател на телевизија.

Меѓу истакнатите гости беа државниот секретар на САД Мајк Помпео и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Сите сме на иста страна. Заедно ќе направиме просперитетен Бразил, со љубов, ред, напредок, мир, образование и слобода за сите. Бразил и Бог над сѐ. Ви благодарам многу. Бог да ве благослови“, рече првата дама Мишел Болсонаро.

 

Мишел (36) е 27 години помлада од нејзиниот сопруг. За неа се знае дека е родена во Бразилија, дека е многу скромна и посветена на нејзината религија.

Првата дама на Бразил е вклучена во активности за лицата со хендикеп и посебни потреби и им ги преведува неделните миси на знаковен јазик на глувите во нејзината локална црква.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.