Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека земјите треба да ја избегнуваат вакцината „АстраЗенека“ против Ковид-19 за лицата на возраст над 60 години поради страв од ретка појава на згрутчување на крвта.

ЕМА смета дека „АстраЗенека“ е безбедна вакцина за сите возрасни групи, но неколку земји-членки на ЕУ престанаа да ја користат за младите или ја ограничуваат на лица на возраст од 50 до 65 години.

Оваа одлука ја донесоа земјите по евидентираните случаи на згрутчување на крвта кај помладата популација.

Лидерот на работната група на ЕМА за Ковид-19, Марко Кавалери, изјави дека останува нивниот став дека „во контекст на пандемијата, корисноста на вакцината е поголема од можните ризици“.

-Но, бидејќи инфекцијата се смирува и со оглед на тоа што младите се помалку изложени на ризици поврзани со Ковид-19, веруваме дека ќе биде подобро за нив да користат вакцини развиени со mRNA технологија, како што се „Модерна“ или „Фајзер“, изјави Кавалери.

Тој потврди дека препораката важи и за лицата постари од 60 години, и дека Франција и Германија, кои имаат на располагање повеќе видови на вакцини, одлучија да ја избегнат „АстраЗенека“ за лицата над 60 години и претпочитаат да им нудат вакцини за mRNA.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.