Авион „Боинг 737-800“ кој летал од Гвантанамо, Куба до Мајами на Флорида, принудно слетал во река близу воената база во Џексонвил.

Во инцидентот нема жртви, а повредено е 21 лице.

Чартер летот со 143 патници и членови на екипажот на „Мајами ер интернешнл“ слетал во реката Сент Џонс додека се обидувал да слета на писта во услови на невреме.

Полицијата во Џексонвил, Флорида, соопшти дека 21 лице е пренесено во болница и дека сите се во добра состојба.

Авионот не потонал. Сите патници се живи, објавила полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.