Бакингемската палата објави нова фотографија на кралицата Елизабета Втора со нејзиниот син принцот Чарлс, внукот принц Вилијам и правнукот принц Џорџ, со што кралското семејство го одбележува почетокот на новата деценија.

Ова е вторпат да се објави фотографија на кралицата и тројцата идни монарси.

Кралицата Елизабета Втора на фотографијата носи бел фустан и црна ташна. Принцот Чарлс и принцот Вилијам се во костуми, додека принцот Џорџ е во бела кошула и зелени карирани панталони.

Фотографијата е направена од фотографот Раналд Мекешни во Бакингемската палата минатиот месец.

Тој ја направи и претходната фотографија од четири генерации на кралското семејство, која беше објавена во април 2016 година за да го одбележи 90-тиот роденден на кралицата, а подоцна беше преработена во специјални меморијални поштенски марки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.