Главната помошничка на гувернерот на Њујорк, Мелиса Де Роса, поднесе оставка во екот на актуелниот скандал за сексуално вознемирување, во кое главен актер е токму гувернерот Ендрју Куомо.

Де Роса, секретарката на Куомо, официјално соопшти дека поднесува оставка. Таа изјави дека работата за луѓето во Њујорк било најголемата чест во нејзиниот живот.

Извештајот објавен минатата недела тврди дека Куомо сексуално малтретирал 11 жени.

Тој негира какви било прекршоци и најави дека ќе остане на функцијата, но многу скоро, поточно на 13 август, може да се соочи со постапка за импичмент.

Извештајот на државниот јавен обвинител покажува дека Куомо вршел сексуално малтретирање и ги прекршил државните и федералните закони.

Во извештајот на обвинителот, напишан на 168 страници, Де Роса е спомената 187 пати. Таа е обвинета дека се обидела да ги прикрие постапките на гувернерот и да и се одмазди на една од неговите обвинувачки.

Последните две години беа емотивен и ментален напор. Секогаш ќе бидам благодарна за можноста да работам за нашата држава со толку талентирани колеги – изјави Де Роса при напуштањето на функцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.