Нозеландската премиерка Џасинда Ардем денеска изјави дека веќе од следната недела можно е да бидат укинати сите мерки на физичка (социјална) дистанца, за да може земјата да се врати во нормалниот живот, но не и оние мерки поврзани со отворање на границите.

Ардем завчера најави дека во понеделник ќе го разгледа прашањето дали земјата е подготвена да се врати на првото ниво на тревога, повеќе од два месеци откако беше воведено четвртото ниво на карантин, поради епидемијата на коронавирусот.

Таа рече дека во понеделник ќе анализира дали укинувањето на ограничувањата, кога станува збор за собирите, доведе до зголемување на бројот на случаи, пренесуваат британските медиуми.

Ако не е, тогаш ќе бидеме во добра позиција да продолжиме натаму, рече Ардем.

Веќе 12 дена по ред нема нови пријавени случаи на коронавирус во Нов Зеланд. Досега беа регистрирани 1.504 пациенти и 22 смртни случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.