Нов Зеланд е на чекор до 0 активни случаи на ковид-19, но не избрзува со прогласување на крај на епидемијата.

Седум дена по ред во Нов Зеланд не е потврден ниту еден нов случај на коронаворус.

Здравствените власти соопштија дека во моментов има само еден активен случај на Ковид-19 и дека нема ниту еден пациент во болница.

Земјата полека ги олабавува мерките и дозволи собири до 100 луѓе, а се фокусира на потенцијални отворање на границите во „патнички балон“ со Австралија.

Во оваа земја отворени се училиштата, бизнисите, кафулињата, рестораните, дозволени се свадби и погреби, но со мерки за физичка достанца.

Нов Зеланд регистрира 1.504 случаи на коронавирус, 22 смртни случаи и 1.481 излекувани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.