Жител на градот Женџијанг од источната кинекс провинција Џагсу е заразен со нов сој на птичји грип, именуван Х10Н3, кој е помалку опасен од другите соеви.

Како што соопшти кинекста национална здравствена комисија (НХЦ), 41-годишниот маж бил хоспитализиран на 28 април, откако добил висока температура и уште неколку симптоми.

Еден месец подоцна, на 28 мај, е утврдено дека тој имал птичји грип, но не се познати детали како се заразил со вирусот, пренесе „Ројтерс“.

Како што додаваат од НХЦ, со оглед на тоа што овој виру е помалку заразен од другите, постојат мали шанси за појава на епидемија, а со следење на неговите контакти, не биле откриени други случаи.

Човекот се наоѓа во стабилна состојба и е подготвен да биде пуштен од болница,

Во Кина се присутни неколку соеви на птичји грип и понекогаш се случува да дојде до зараза, но немало случај на зараза на поголем број луѓе од 2016-2017, кога сојот Х7Н9 беше причина за смртта на околу 300 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.