Жан-Клод Јункер (65), претседател на Европската комисија, предизвика нов скандал минатата недела. За време на одбележувањето на геноцидот во кој беа убиени 800.000 луѓе, Јункер речиси ги запали првата дама на Руанда Жанет Кагаме (56) и нејзиниот сопруг Пол Кагаме (61). Јункер и другите присутни добија факели кои симболично ги запалија. Јункер потоа се свртел за да го предаде факелот на помошничката и притоа речиси ги изгорел по лицето претседателот и неговата сопруга. За среќа, тие успеале да се тргнат во последен момент, пишува „Дејли мејл“.

Камерите во последно време сè почесто го бележат необичното однесување на претседателот на Европската комисија. Така, во јули минатата година се појави снимка снимена пред работната вечера која ги собра лидерите на НАТО на самитот.

На снимката се гледа Јункер кој одвај одржува рамнотежа и присутните му помагаат да остане на нозе. Јункер подоцна изјави дека не бил пијан, туку бил фатен од ишијас. Потоа, во октомври истата година, ја имитираше британската премиерка Тереза ​​Меј и танцуваше на сцената.

Исто така во декември минатата година, Јункер фрлаше хартија на подот, ѝ ја мазнеше косата на една жена, мавташе, се сопинаше, гушкаче и бакнуваше.

Во февруари оваа година, среде говорот, се јави на мобилниот телефон. Неговата сопруга го повика, па Јункер се оправдуваше дека морал да одговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.