Гувернерот на Токио Јурико Коике изјави дека главниот град на Јапонија повторно евидентира рекорден број заразени лица со коронавирус за еден ден.

Слушнав дека бројот на новозаболени ќе надмине 280, изјави тој пред новинарите, пренесува Би Би Си..

Јапонија ги олесни рестриктивните мерки во април, но Токио ги врати во средината на јуни поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус.

Во Јапонија досега се заразени над 22.500 луѓе, а речиси 990 луѓе починаа од последиците на Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.