Организаторите на протестите во Хонг Конг побараа од демонстрантите денешниот собир да биде мирен.

Голем број демонстранти се упатија кон паркот во тој град.

Еден од организаторите, Бони Леунг рече дека „денеска е ден на мирот“ и дека се надеваат дека ќе му „покажат на светот дека луѓето од Хонг Конг можат да бидат потполно мирни“. Тој додаде дека полицијата ќе биде виновна доколку избие некој хаос.

Конфликти меѓу демонстрантите и полицијата често имаше и траеја со часови по завршување на мирни демонстрации и митинзи.

Опозицијата бара оставка од премиерката на Хонг Конг, Кери Лам, демократски избори и независна истрага за полициска употреба на сила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.