Нов пожар изби во близина на пристаништето во Бејрут каде што во експлозија на 4 август загинаа 200, а повредени беа неколку илјади луѓе.

Според информациите пожарот избил во зграда во централниот дел на либанската престолнина.

Сè уште не е јасно што е причина за пожарот во зградата што ја проектирала покојната британска архитектка со потекло од Ирак, Заха Хадид.

Зградата уште била во изградба, а се наоѓа на главниот пат кој минува покрај пристаништето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.