Во Лион во Франција застрелан е православен свештеник во близина на грчка црква.

Напаѓачот избегал од местото на настанот, пренесуваат локалните медиуми.

Причините за нападот сè уште не се познати. Нападот се случил на 7-от кварт во Лион, а многу полициски екипи се на местото на настанот.

Како што пренесува „BFM TV“, свештеникот двапати бил ранет додека ја затворал црквата и е во критична состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.