Вооружен маж отворил оган во источен Ерусалим при што ранил најмалку две лица, соопшти полицијата. Инцидентот се случил во Давидовиот град, популарен археолошки локалитет во близина на Стариот град, се наведува во соопштението.

Според „Џерусалим пост“, полицијата пристигнала на местото на нападот и напаѓачот бил неутрализиран.

Портпаролот на полицијата изјавил дека се работи за терористички напад.

Службата за итни случаи соопшти дека жртвите се тешко повредени

Нападот се случува помалку од еден ден по најсмртоносниот напад во градот од 2008 година, при што Палестинец уби седум лица пред синагога.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.