Крузер со 2.000 патници изолиран е недалеку од Грција, затоа што турист кој минатата недела престојувал на бродот е заразен со коронавирус, пренесува британски Сан.

Капетанот на МСЦ Опера изјави дека повеќе од 2.000 луѓе не може да го напуштат бродот кој се упатил кон Крф.

Патниците итно се повикани од излет и им било кажано дека тоа е заради безбедносен проблем.

Но кога повторно се вратиле на бродот, речено им е дека патник кој бил на бродот минатата недела е тестиран позитивен на коронавирус.

Патникот за кој се работи е Австралиец, се симнал од бродот во Џенова и сега се наоѓа во својата татковина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.