Продавница за нафта и гуми се запали во Бејрут, но првично нема информации за повредени.

Пожарот избил во бесцаринската зона на пристаништето, а потоа огромен столб од црн чад се издигна над главниот град на Либан, чии граѓани се уште се трауматизирани поради експлозијата на 4 август, во која загинаа околу 190 лица, а околу 6.000 беа повредени.

Војската соопшти дека сè уште не е позната причината за пожарот, наведувајќи дека испратила хеликоптери за да го стават огнот под контрола.

Шефот на либанскиот Црвен крст изјави дека засега нема опасност од нова експлозија по пожарот и дека нема повредени.

Тој, сепак, истакна дека некои луѓе имале потешкотии при дишењето по пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.