Во Русијата во изминатите 24 часа, дури 752 лица починале од Ковид-19, што е најголем број од почетокот на пандемијата, соопшти денеска тамошниот оперативен штаб за борба против короната.

Претходно, најголемиот број смртни случаи беа регистрирани на 7 јули, кога починаа 737 лица, пренесува РИА Новости.

Исто така, потврдени се 25.082 нови случаи со Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата, во Русија се регистрирани 5.758.300 случаи на коронавирус, починале 142.253 лица, а 5.182.837 пациенти се опоравиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.