Толпата што ги започнала немирите главно била составена од млади луѓе од про-британската област Белфаст. Тие украле и запалиле автобус, а кон полицијата фрлале камења и молотови коктели.

Нападнат е и фотограф на Белфаст Телеграф.

Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат дека автобусот бил запален, а потоа целосно изгорен.

Насилството започнало во градот Лондондери минатата недела, пред да се прошири во главниот град Белфаст и крајбрежните области за време на велигденскиот викенд и понеделникот.

Во текот на изминатите неколку дена, демонстрантите запалиле автомобили и ја нападнале полицијата во неколку градови низ Северна Ирска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.