Нов бран на коронавирусот ја зафаќа Европа, а најголем раст е регистриран во Англија, односно 34.471 новозаразени во еден ден.

Во Шпанија се регистрирани 11.310 новозаразени, додека во Холандија 8.441.

Шпанија и Холандија најавија повторно заострување на рестриктивните мреки, додека пак холандскиот премиер Марк Руте се извини за олабавување на ограничувањата поради корона вирусот прерано кога случаите се зголемија во пресрет на повторното отворање.

Руте повторно ги воведе мерките за баровите, рестораните и ноќните клубови во Холандија, бидејќи случаите рапидно се ширеа кај младите, само две недели по олабавувањето, јави Ројтерс. Рестораните и баровите не ќе можат да работат од полноќ до 6 часот наутро, додека клубовите ќе бидат целосно затворени.

Она што мислевме дека е можно, се покажа дека не е можно во пракса. Имавме слаба проценка, за што жалиме и за што се извинуваме, изјави Руте.

Слична е состојбата и во Португалија, Франција и Белгија, додека пак Макрон повика на масовна вакцинација и предупреди дека ќе има строги мерки за оние кои не сакаат да се вакцинираат.

Состојбата со коронавируост не е ништо подобра и во соседството.

Во Грција вчера се регистрирани 2.063 новозаразени , а во Србија 118 новозаразени , додека пак во БиХ беше регистриран Гама сојот, односно бразилскиот сој на коронавирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.