Градското раководство на Москва одлучи да употреби гламур за да ги мотивира граѓаните да носат заштитни маски и ракавици во јавниот транспорт. Така, московскиот оддел за транспорт сними видео во кое се танцува балет карактеристичен за гламурозните културни настани.

Носењето маски и ракавици во јавниот превоз е задолжително за сите автобуси и метрото во главниот град на Русија од почетокот на мај, но голем број граѓани не ја почитуваат таа мерка. Со оглед на тоа што бројот на заразени во руската преастолнина постојано се зголемија, градските власти одлучија да ја снимат мотивирачката видео порака.

Видеото прикажува двјаца балетски танчери кои ставаат маска и ракавици по што се движат низ вагоните од метрото и изведуваат различни балетски елементи.

Може да го користите јавниот превоз само со маска и ракавици – е пораката што се појавува на видеото.

Видеото е објавено во јавност откако најпозната танцувачка институција на Русија, Балетото Бољшој објави дека има 124 вработени позитивни на Ковид-19.

Иако во Москва живеат околу 10% од руското население, во Москва се регистрирани повеќе од една четвртина од позитивните случаи во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.