Норвешка со право може да се нарече една од најсоцијалните земји во светот. Вредноста на нивниот стабилизациски фонд, кој кај нас би се нарекол пензиски достигнал рекордни 10 милијарди норвешки круни, односно 1.000 милијарди долари. Ова се должи на растот на цената на нафтата со која ова земја е богата и по успешното тргување на берзите.

Поради тоа, властите планираат секој граѓанин да добие по 200.000 долари неповратни средства.

Норвешкиот пензиски фонд грижливо се чува за идните генерации и со него можат дури и да се покриваат долговите на Владата иако тоа се случува ретко.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.