Норвешка од денеска воведува задолжително тестирање за Ковид-19 на гранични пунктови за сите кои влегуваат во државата, а во последните 14 дена биле во земја со црвен индекс на ризик.

Тестот ќе биде ПЦР или антигенски брз тест и ќе биде бесплатен. Исклучок е предвиден за деца под 12-годишна возраст; за граѓаните кои можат да докажат со медицински документ дека прележале корона вирус во последните 6 месеци или за граѓаните со витални функции во општеството.

На граѓаните кои одбиваат да бидат тестирани без основана причина и веднаш не ја напуштат Норвешка, ќе им биде изречена парична казна и ќе бидат сместени во карантин-хотел за периодот на задолжителниот карантин од 10 дена.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.