Норвешките власти воведуваат нови мерки и препораки за борба против коронавирусот, јави ДПА. На граѓаните им се препорачува да носат маски при користење здравствени и социјални услуги, во јавниот превоз и при пазарење, доколку не е можно да се задржи поголема дистанца.

Од денеска луѓето кои живеат со лице заразено со вирусот ќе мора да се изолираат додека не добијат негативен резултат од тест за Ковид-19.

Тоа ќе биде задолжително за сите полнолетни граѓани, без разлика на статусот на вакцинација, а ќе се препорачува и за децата, изјави премиерот Јонас Гар Сторе.

Заразените со вирусот мора да бидат во карантин најмалку пет денови.

Според премиерот, пандемијата не е завршена, туку е влезена во нова фаза и „луѓето треба да се навикнат да живеат со вирусот и да го држат под контрола”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.