Норвешка ја повлече вакцината Астра Зенека од својата програма за вакцинирање против ковид-19, објави премиерката Ерна Солберг.

Солберг рече дека одлуката е заснована на препораките од комитет на експерти и од Норвешкиот институт за јавно здравје, кој што препорачал повлекување на AstraZeneca и Johnson & Johnson од програмата за вакцинација, поради ризик од многу ретки, но сериозни несакани ефекти.

Норвешка исто така го продолжува укинувањето на вакцината Џонсон и Џонсон, но сè уште не ја исклучиле од програмата за вакцинација, рече Солберг.

Владата размислува да им ја понуди вакцината J&J, која допрва ќе се користи во земјата, на оние кои се подготвени да ја примат.

Препораките на комитетот делумно се засноваа на моменталната состојба во Норвешка, каде што стапките на инфекции се ниски во споредба со другите земји.

Норвешка престана да вакцинира со AstraZenecа на 11 март како мерка на претпазливост поради појавата на ретки тромбови по вакцинацијата, вклучително и смртни случаи. До тогаш вакцината ја примиле околу 138. 000 луѓе.

И Данска пред нешто повеќе од еден месец ја повлече вакцината AstraZenecа од својата програма за вакцинирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.