Високиот истражувач во Норвешкиот институт за меѓународни односи, Џулија Вилхелмсен, за „Класенкампен“ изјави дека одлуката на Норвешка да испорача артилериски системи на Украина не била последица на волјата на владата на кралството, туку на притисок од страна на американското раководство.

Минатата недела, шефот на Пентагон, Лојд Остин, соопшти дека голем број земји, вклучително и Норвешка, најавиле трансфер на „критични артилериски системи и муниција“ на Украина.

Истовремено, официајлен Осло претходно најави дека норвешката воена помош за Украина ќе биде ограничена на набавка на полесно оружје – противтенковски ракети и муниција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.