САД и дале на Украина разузнавачки информации кои им помогнале на украинските сили да убијат многу руски генерали кои загинаа во војната, објави „Њујорк Тајмс“, цитирајќи висок американски функционер.

„Њујорк Тајмс“ пишува дека дел од тајните напори на администрацијата на Бајден биле да и обезбеди на Украина разузнавачки информации во реално време на бојното поле.

Вашингтон, наводно, и доставил на Украина детали за очекуваните движења на руските трупи и локацијата, како и други детали за мобилниот воен штаб на Русија, а Украина ја комбинирала таа помош со сопственото разузнавање за да изврши артилериски и други напади во кои биле убиени руски офицери.

Разузнавањето вклучува и очекувани движења на руските војници собрани од неодамнешните проценки на САД за тајниот план на Москва за борба во регионот Донбас во источна Украина –  изјавиле официјални лица.

Украинските власти соопштија дека убиле околу 12 руски генерали на бојното поле.

Официјалните лица одбиле да прецизираат колку генерали биле убиени како резултат на помошта од САД, објави „Њујорк Тајмс“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.