„Њујорк тајмс“ објави видеоснимка на која, како што се наведува, се гледа иранска ракета која го соборува украинскиот авион со 176 патници и членови на екипажот.

Американскиот весник тврди дека снимката е автентична и покажува како иранската ракета го погодува авионот над Паранда. Во прашање е локација во близина на аеродромот во Техеран, од каде престанал да се емитува сигналот на украинскиот авион пред да падне.

Кога ракетата го соборила авионот дошло до мала експлозија, но авионот не експлодирал, туку летал неколку минути и почнал да се враќа кон аеродромот, пишува „Њујорк тајмс“.

Запалениот авион, кој до тогаш престанал да испраќа свои сигнали, летал кон аеродромот пред да експлодира и набрзо се урнал, покажува видеото на „Тајмс“.

Визуелните и звучни траги на снимката се спротивни на информациите за летот и сателитските снимки од подрачјата во близина каде падна авионот.

Канадскиот премиер Џастин Трудо повикувајки се на разузнавачки извори кажа дека украинскиот авион бил соборен од иранска ракета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.