Во Њујорк е прогласена вонредна состојба поради обилните дождови кои предизвикаа поплави. Според „Си-ен-ен“ невремето е последица на ураганот Ајда.

Како што јавија американските медиуми, во сила е забрана за патување со возила низ патиштата, а речиси сите градски линии на метрото се прекинати.

Вечерва сме сведоци на историско невреме со рекорден дожд, брутални поплави и опасни услови на патиштата. Никогаш не сум видел толку многу дожд да падне за толку кратко време – напиша градоначалникот на Њујорк, Бил Де Бласио, на Твитер.

Тој ги повика луѓето да не излегуваат и да останат дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.