Градските власти на Њујорк планираат да организираат концерт за 60.000 луѓе во Централ парк на 21 август со цел заедно да ја прослават победата над Ковид-19.

Како што објави „Њујорк тајмс“, веќе е избран продуцентот, 89-годишниот Клајв Дејвис, кој работел со Џенис Џоплин, Брус Спрингстин и Витни Хјустон.

Работниот наслов на оваа манифестација е „Официјално враќање на Њујорк во Централ парк“.

Градоначалникот Бил де Блазио соопшти дека концертот ќе биде дел од еднонеделните активности со кои ќе се слави победата над корона вирусот. Де Блазио вети дека целата недела ќе помине на досега невиден начин во Њујорк.

Претходно, градоначалникот соопшти дека од 1 јули жителите на Њујорк ќе може да се вратат во нормален живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.