Првата дама на САД, Меланија Трамп се огласи на Твитер откако стигна потврда дека таа и Доналд Трамп се позитивни на коронавирус.

Како што направија голем број Американци претходно годинава, претседателот и јас сме во карантин откако бевме тестирани позитивно на коронавирус. Се чувствуваме добро, ги откажав сите планирани активности. Ве молам, останете безбедни, низ сето ова ќе поминеме заедно, напиша Меланија на Твитер.

Трамп и неговата сопруга се повлекоа во карантин откако неговата советничка Хоп Хикс доби позитивен резултат на Ковид-19. Тие се тестираа и исто така добија позитивни резултати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.