Дезинформациите поврзани со корона вирусот продолжуваат да се шират и да претставуваат проблем затоа што точната информација не стигнува до луѓето, се заклучува од анкета на Семејна фондација Кајзер, објави „Вашингтон пост“.

Околу 78 отсто од возрасните во САД одговориле дека од осум различни лажни изјави за корона вирусот што тие ги чуле од некого, мислат дека најмалку една е вистинита или дека се несигурни дека е вистинита, се дознава од анкетата.

Третина од возрасните веруваат дека се несигурни за најмалку четири лажни изјави како на пример преувеличени бројки за корона вирусот дадени од официјални лица од здравството, или тоа дека со вакцините биле ставани и микрочипови.

Се дознава дека убеденоста во дезинформациите се поврзани со тоа дали лицата се вакцинирани и каква е нивната политичка наклонетост. Невакцинираните возрасни и републиканците се повеќе наклонети да веруваат во или да бидат несигурни во лажните информации, споредено со испитаниците кои се вакцинирани и демократи.

Анкетата исто така укажува дека довербата во изворите на информации е повразна со убеденоста во дезинформациите.

Бројот на возрасни кои се држеле за четири погрешни убедувања се покажа мал, меѓу 11 и 16 отсто – ако тие имале доверба за и примале новости за корона вирусот од такви медиуми како „Си-Ен-Ен“, „Ен-Пи-Ар“ или „Ем-Ес-Ен-Би-Си“, велат подготвувачите на анкетата.

Меѓутоа, уделот на возрасни кои верувале во најмалку четири погрешни убедувања за корона вируст е поголем ако тие добивале информации од „Уан Америка Њуз“, „Фокс Њуз“ или „Њусмакс“.

Подготвувачите на анкетата истакнуваат дека нивните наоди не можат да детерминираат дали возрасните се изложени на дезинформација од тие медиуми или типот на луѓе кои избираат да им веруваат на тие медиуми се истите оние кои лесно се подаваат на неточна информација од други причини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.