Добитничката на Нобеловата награда за мир, филипинската новинарка Марија Реса, го критикуваше Фејсбук како закана за демократијата, велејќи дека гигантот на социјалните медиуми е неуспешен во заштата од ширење омраза и дезинформации и дека е „пристрасен кон фактите“.

Долгогодишната новинарка и уредничка на филипинскиот портал за вести „Раплер“ во интервју за Ројтерс по освојувањето на наградата изјави дека алгоритмите на Фејсбук „даваат предност на ширењето лаги полни со гнев и омраза над фактите“.

Нејзините коментари придонесуваат за неодамнешниот притисок врз Фејсбук, кој има над три милијарди корисници. Во последниот скандал, поранешна вработена која се откри како „свиркач“ го обвини Фејсбук дека го става профитот пред потребата да се потисне говорот на омраза и дезинформациите. Фејсбук ги отфрла обвинувањата.

Претставник на Фејсбук на Филипините не одговори на барањето да ги коментира забелешките на Реса.

Ако ги немате фактите, не можете да ја имате вистината, не можете да ја имате довербата. Ако немате ништо од тоа, немате демократија. Покрај тоа, ако немате факти, немате заедничка реалност, така што не можете да ги решите егзистенцијалните проблеми како климата или корона вирусот – изјави Реса.

Новинарката беше цел на интензивни кампањи за омраза на социјалните медиуми спроведени од поддржувачи на филипинскиот претседател Родриго Дутерте, чија цел беше да го уништат нејзиниот и кредибилитетот на „Раплер“.

Овие онлајн напади на социјалните мрежи имаат цел, тие се насочени, тие се користени како оружје – изјави поранешната новинарка на Си-Ен-Ен.

Извештаите на „Раплер“ вклучуваат внимателно следење на смртоносната војна на Дутерте против дрогата и серија истражувачки извештаи за стратегијата на владата да го „вооружи“ интернетот и да ги користи блогерите за да шири гнев кај поддржувачите преку Интернет, кои се закануваат и ги дискредитираат критичарите на Дутерте.

Дутерте не ја коментираше наградата на Реса. Претседателската палата, портпаролот на Дутерте, неговиот главен правен советник и канцеларијата за комуникации не одговориле на барањето за коментар од Ројтерс.

Фејсбук ја отстрани онлајн мрежата на Филипините во март 2019 година поради „координирано неавтентично однесување“ и ја поврза со претприемач кој претходно изјави дека во 2016 година, тој помогнал да се води изборната кампања на претседателот на социјалните медиуми.

Според студиите на компаниите за управување со социјални медиуми од 2021 година, Филипинците се на врвот на светот во однос на времето поминато на социјалните мрежи.

Платформите како Фејсбук станаа политички борилишта и помогнаа да се зајакне поддршката за Дутерте и беа клучни за неговата победа на изборите во 2016 година.

Филипините ќе одржат избори во мај следната година за наследникот на Дутерте, кој според уставот не може да се бори за нов мандат.

Кампањата ќе биде „битка за факти. Ќе се осигураме дека нашата јавност ги гледа фактите, ги разбира – истакна Реса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.