Британската нискобуџетна авиокомпанија „Изи Џет“ соопшти дека очекува загуба од 1,135 милијарди фунти (1,54 милијарди долари) до 1,175 милијарди фунти во фискалната 2021 година, поради ограничувањата за време на пандемијата на Ковид-19.

Конечните деловни резултати, како што е најавено, ќе бидат објавени на 30 ноември.

Истовремено, од компанијата ја зголемија процената на капацитетот за периодот од октомври до декември на 70 проценти од нивото пред пандемијата. Во септември беше предвидено дека тие ќе достигне 60 проценти.

Како позитивен пресврт се посочува закрепнувањето на побарувачката за одмор на топли дестинации во текот на зимата, како што се Египет и Турција, најавувајќи дека ќе имаат повеќе летови до Канарските Острови во октомври отколку во претпандемијата во 2019 година.

Компанијата, исто така, укажува на поголема побарувачка за службени патувања.

Очигледно е дека закрепнувањето е во тек. Велика Британија неодамна ги ублажи рестрикциите со укинувајќи на дел од ковид тестирањата, што помага во обновувањето на резервациите – истакна извршниот директор Јохан Лундгрен.

Од комапнијата додаваат дека се уште не можат да дадат насоки за фискалната 2022 година, бидејќи им е тешко да прогнозираат на долг рок, затоа што, како што велат, клиентите резервираат летови поблиску до датумот на патување.

Компанијата, исто така, објави дека нема да препорачаат исплата на дивиденда за фискалната 2021 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.