Во Туркменистан не е регистриран ниту еден случај на заразен со коронавирусот од почетокот на пандемијата, изјави денеска претседателот на таа централноазиска држава во ретко интервју за странски медиуми.

Благодарение на работата што ја завршивме, Туркменистан нема случај на таа болест, изјави Гурбангули Бердимухамедов во интервју за меѓународниот ТВ канал Мир со седиште во Москва.

Туркменистан е една од ретките земји во светот, заедно со Северна Кореја, кои не пријавиле случаи на коронавирус на нивна територија.

Сепак, дури во април Туркменистан започна да ги олеснува мерките против коронавирусот со повторно отворање ресторани и џамии. Возовите повторно сообраќаат, но патувањата со авион се уште се во прекин.

Бердимухамедов изјави дека неговата држава располага со две руски вакцини – ЕпиВакКорона и Спутник В.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.