Францускиот претседател Емануел Макрон ги исфрлил денеска припадниците на израелската полиција од црквата Света Ана во стариот дел на Ерусалим, која според меѓународните правила е француска територија.

Снимките од инцидентот го прикажуваат лутиот Макрон кој повикува на почитување на правилата.

Сите совршено добро ги знаеме правила. Не ми се допаѓа она што го направивте пред мене. Излезете надвор – рекол Макрон, но останало нејасно што ја предизвикало неговата реакција.

На снимката се гледа како Макрон се обраќа на припаднците на израелската полиција со зборови  дека одлично ја завршиле работата во градот и ги моли да ги почитуваат правилата кои постојат со векови, па француските медиуми претпоставуваат дека самиот влез на полицијаците била причината за неговото негодување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.