Нетанјхау се откажа поради неможноста да обезбеди ново мнозинство по септемвриските парламетарни избори од формирање влада, па неговиот центристички ривал Бени Ганц ќе добие можност да го формира новиот владин кабинет.

Нетанјаху, кој непрекинато е премиер на Израел од 2009 година, а вкупно на власт досега мина 13 години и е вториот најдолготраен израелски премиер, изјави дека не успеал да состави влада и дека ќе го врати мандатот кај израелскиот претседател Реувен Ривлин. Овој, пак, веднаш објави дека има намера да го даде мандатот за составување влада на Ганц, челникот на партијата „Сино-бело“ (Кахол Лаван).

Изминатите седмици сторив сѐ да го доведем Бени Ганц на преговарачката маса, да воспоставам влада на националното единство и да избегнам нови избори, рече Нетанјхау.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.