Венецуелскиот државен обвинител Тарек Вилијам Саб денеска покрена кривична постапка против опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за наводно преземање контрола врз компанијата Мономерос, која е подружница на државната хемиска компанија Пекуивен.

Во својата објава на Твитер, државниот обвинител наведува дека лидерот на опозицијата е осомничен за „злоупотреба на моќта, велепредавство и криминален заговор“, како и „проневера на имот и учество во криминална група“.

Националното собрание формирало привремен одбор на директори за државната хемиска компанија Пекуивен и нејзината „ќерка“-фирма Мономерос во март 2019 година.

Претходно оваа година, венецуелски обвинители покренаа неколку случаи против претставници на опозицијата, вклучувајќи го и Гуаидо.

Меѓу другото, опозицискиот лидер е обвинет за проневера на државни средства наменети за борба против коронавирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.