Најмалку осум лица загинаа при пад на кабина на жичарницата која се наоѓа во близина на езерото Маџоре во северна Италија.

Жичарницата превезувала патници од градот Стреза кон планините Мотароне, а во кабина имало вкупно 11 патници, вклучително и две деца кои итно биле пренесени во болницата во Торино во критична состојба.

Кабината на жичарницата паднала од релативно висока точка на земјата во подножјето на голема шума. Кабината е целосно смачкана, истакнал Валтер Милан од Alpine Rescuea, а пренесува Corriere Della Sera.

Планинска служба за спасување и служба за итни случаи со хеликоптери излегоа на местото на настанот.

Инаку, жичарницата тргнува од градот Стреза, на брегот на езерото Маџоре и превезува патници на околу 1.500 метри надморска височина. Ова е многу популарна туристичка дестинација и во лето, и во зима.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.