Шведските власти го отфрлиле барањето на брачна двојка да го крсти својот син Владимир Путин, пренесува „Дагенс нихетер“.

Родителите мора да ги пријават имињата на новороденчињата во шведската даночна агенција, која одбива да го прифати името кое го носи и рускиот претседател.

Според шведскиот закон, имињата не смеат да бидат навредливи, да претставуваат закана за сопственикот или јасно да наликуваат на презимиња. Како што забележува весникот, не е јасно кој од овие принципи стои во основата на одлуката на даночниот орган.

Во исто време, ова не е прв случај во кој агенцијата одбила такви барања. Меѓу другите имиња што не се беа дозволени за новороденчиња во Шведска, се Форд, Алах, Пилснер и К.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.