Европската комисија побара од земјите членки на ЕУ да ја продолжат забраната за влез во ЕУ на државјани на трети земји до 15 мај за да се спречи ширењето нa вирусот.

„Комисијата повикува на координиран пристап од сите земји-членки на ЕУ и Шенген, со ист датум на завршување и на уникатен начин“, се вели во соопштението.

Влегувањето во шенген-зоната е ограничено на 17 март, на 30 дена. Мерката опфаќа вкупно 30 земји, вклучително и Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштјн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.