Од први јануари нема да може да се патува во многу земји од Европската унија без целосна имунизација, дознава Националната асоцијација на туристички агенции на Србија „Јута“.

Со оглед на тоа што многу граѓани веќе размислуваат за новогодишните аранжмани и патувања во европските метрополи или егзотични, тропски дестинации, a примиле две дози од ист производител на вакцини, сега размислуваат кој засилувач, односно трета доза да изберат за да можат да патуваат непречено.

Милан Лаиновиќ, потпретседател на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија „Јута“, повтори дека не постои универзално правило, односно дека самите држави и нивните закони одредуваат кој и под кои услови во моментов може да влезе во земјата.

Не сите земји во ЕУ зазедоа ист став, во Унгарија, Австрија, Хрватска, Словенија може да се оди со кинески вакцини, руски вакцини, во Германија и Италија не може, во комбинација да, но ако сите три се исти вакцини, не може – објасни Лаиновиќ.

Она што го нагласи е дека без целосна вакцинација не може да се посетуваат ресторани, продавници, трговски центри во тие земји.

Така е во текот на целиот ден. Вие се регистрирате, постои код со вашите податоци и во случај ако некој во ресторанот е заразен, вас ве известуваат и вие да се контролирате. Никаде не можете без вакцина или со валиден PCR тест – рече тој и додаде дека од 1 јануари 2022 година сите тестови ќе бидат заменети исклучиво со вакцинација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.